„Комуналец“ ги собираше остатоците од коледарските огнови

За вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денешниот ден беше работен. Тие на повеќе локации во градот ги собираа остатоците од традиционалните коледарски огнови кои синоќа ги запалија граѓаните на Струмица и покрај нив беа до раните утрински часови.
Од „Комуналец“, на сите граѓани од православна вероисповед им ги честитаат божиќните празници и најавуваат дека како и во минатата година, така и оваа, редовно ќе се грижат за хигиената на јавните површини во градот, но апелираат и до граѓаните да го дадат својот влог за чиста и поубава Струмица.

Напишете коментар