Колумна на Ристо Ѓоргиев- Теорија на хаос

Според теоријата во холивудски филм „Хаос“, настани кои навидум изгледаат неповрзани, подоцна покажуваа поврзаност и со тек на време формират заеднички шаблон кој логички се објаснува.

Во филмот приказната се врти околу грабеж на банка. Грабежот е проследен со експлозија и во хаосот ограбувачите успеваат да побегнат. Во таквата хаос ситуација нејасно е што точно се случило, колку е ограбено и каде побегнале крадците.h

Во последниве четири години филмот како да се пресликува во Македонија.

Нашиот „Хаос“ почнува со познатиот „Црниот Понеделник“ (24 Декември 2012 година).

Зошто ја одбрав токму оваа теорија на хаос за да ја објаснам ситуацијата во Македонија?

Одговорот е многу едноставен.  Според горенаведената теорија, хаосот сам по себе не е толку неорганизиран како што изгледа. Всушност тој има одреден шаблон, кој доколку се анализира може лесно се објасни. Хаосот е и најдобар период за богатење и искачување по општествените скалила.

Да почнеме од „Црниот Понеделник“. Замислете го тоа како влезот во банката. На тој 24 Декември во Македонија се создава вештачки контролиран хаос.  Независно од протестите на експертите, граѓаните, пратениците или било кој друг се донесува најголемиот дотогаш буџет на државата. Никој освен мала врхушка нема контрола над тој буџет. Собранието де факто се укинува, се зацврстува владеењето на мала група луѓе по принципот сила и контрола на институциите.

krisoЗамислете дека опозицијата ја игра улогата на полиција. По првичниот шок од тој пораз следува реформа на опозицијата. Лидерот на опозиција под чија стража се случува упадот решава да замине. Соочен со негативна кампања, пад на популарноста и според него без поддршка од членство си поднесува оставка.

По Лубчо Георгиевски, од политиката во погоден момент за себе заминува и Бранко Црвенковски, дел од старата владејачка и доминанта политичка гарнитура, која беше главна причина на власт да дојде дотогаш непознатиот и неискусен политичар Никола Груевски.

Контролата над СДСМ ја презема младиот и успешен градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Интересно е дека токму Бранко Црвенковски, со аболиција на Заев во случајот „Глобал“ ќе и обезбеди на владејачката партија одлична муниција за незадржливо напаѓање.  Од тој момент па натаму Заев е лесна мета за прецизни напади и една одлично изработена кампања со наслов „На Заев не може да му се верува“. Проветрувањето на кадрите во СДСМ ја носи перцепцијата дека партијата не исфрла на политичката сцена ниту еден млад или надеж политичар, кој би glбил гледан како вистинска перспектива на партијата и државата. Владејачката партија вешто ја креира и искористува таа перцепција за создавање атмосфера дека не постои алтернативна опција.

Банката е цврсто во рацете на врхушката. Преговорите за спас продолжуваат. Алтернативата е одење на предвремени избори.

Политички необјасниво, опозиционата партија, попушта под притисоци и оди на избори. Политички гледано ниту една партија не би прифатила да го направи тој чекор се додека не се осигура дека може да победи на избори. Наместо целосно да ги блокира и така да ја принуди владејачка партија на отстапки, СДСМ оди на избори.

Додека траат изборите и опозицијата се фокусира на кампањата, времето е идеално за ограбување банки. Долгите политички кампањи се одлична прилика за перење пари и прикривање матни зделки. Изборите завршуваат, СДСМ играјќи фудбал на кошови очекувано губи. Пратениците на СДСМ не ги заверуваат мандатите. Македонското собрание продолжува да биде шалтер за заверување на одлуки на мала клапа политичари, додека обичните граѓани богато ги плаќаа пратениците, кои макотрпно работат на пумпање патни трошоци од по 22 илјади евра.

Тогаш „полицијата“ добива одлична прилика да зададе решителен удар и да ја ослободи банката.

grujoСДСМ добива интересно политичко оружје во форма на прислушкувани разговори. Го зема истото и успева некако да си пука во нога. Претходното политичко искуство во Македонија покажува дека кога поседувате такви разговори, најдобро е да ги употребите оние во кои вие сте прислушкувани. Таков беше случај со Лубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, кои ги презентираа само разговорите во кои тие се жртва.

Претставувајќи се себеси како жртва, на противникот му остава помал простор за политичко маневрирање. Наместо тоа, беа објавени разговорите на власта, создавајќи и простор на медиумската машинерија на ДПМНЕ за политички спин. Наместо граѓаните да се фокусираат на содржината на разговорите, фокусот се преместува на тоа кој и каде ги снимал разговорите, дали се монтирани, сечени и лепени. Која странска служба му ги дала на Заев, за кој тој работи и други тривијални прашања кои го одвлекуваат вниманието на јавноста.

Во филмот „Хаос“ отсекувањето на струјата требаше да биде удар против ограбувачите, за на крај да излезе дека тие токму тоа и го сакале. Кај нас СДСМ падна во добро подготвена и претходно подготвена замка, баш како што ДПМНЕ предвидел по разговорот во кабинетот на Груевски.

Прашањето е зошто не беа следени претходните успешни примери, со што ќе се минимизираше шансата на спин машината да ја амортизира штетата по ДПМНЕ?

Објавувањето на разговорите сепак ја придвижи ситуацијата. Следуваше изразување на граѓански револт. Токму како во филмот се создава посакуваниот хаос во кој крадците најдобро се снаоѓаат. Масовниот протест на 5 Мај и носи уште една прилика на опозицијата за брз и protestiодлучен удар.Наместо да се продолжи со исти такви наредните денови, опозиција оди во дефанзива и со пасивна варијанта на кампување, ја убива огромната народна енергија и желба за промена.

Под притисок на надворешниот фактор, се добива уште една шанса да се фатат крадците. Шансата се вика Пржино. Оружјето Специјалното Јавно обвинителство.

Но, Пржинскиот договор политички е сосема лошо подготвен и од секогаш беше осуден на пропаст. Не знам дали некој во СДСМ се уште верува дека само затоа што врхушката на ДПМНЕ потпишала некој документ истиот ќе го испочитува или едноствно им одговара да бидат баш толку наивни. Создавањето на СЈО е одличен чекор, но за тоа да биде ефективно тоа мораше да биде проследено и со специјален суд. Наивно е да се верува дека партизирано судство како македонското нема да ја опструира работата на СЈО.

Зошто „Пржинскиот договор“ не опфати СЈО и специјален суд, кои преку собранието ќе беше внесен во Уставот, на тој начин поплочувајќи го патот за одлучна борба со криминалните политичари во Македонија? Или можеби статус-кво најмногу им одговара на сите?

Неколку месеци подоцна, по постојано натегање околу датумот за предвремени избори договорени во Пржино, тој договор може да се прогласи за мртов.

downloadДенешната ситуација четири години подоцна е следна. Македонија е во политичка криза, имаме „Шарена Револуција“, протести и контра-протести, партизирани институции, распаднат судски систем и состојба на привиден хаос во која никој не сноси одговорност и не се знае колку се краде и задолжува државата.

Во моментов, таа привидна политичка криза најмногу им одговара на политичарите – банкари. Јавноста се замајува со тривијални вести од стилот колку боја е запленета од Шарената Револуција додека караванот слободно си врви.

Факт е дека од тој почетокот на „хаосот“ и „политичката криза“ пред четири години ниту еден политичар во Македонија не е осуден, ниту еден не бил во затвор и ниту еден од нив нема никаква отчетност пред граѓаните.

Денес во Македонија додека ние граѓаните се обидуваме да разбереме што се случува со банката, крадците непрекинато и непречено си го празнат трезорот во овој прекрасен благодатен хаос.

Во „Хаос“, теоријата на хаос се покажува како исклучително успешна. Поради грешките, наивноста и недоволната подготвеност на „полицијата“, банката е ограбена. Да се надеваме дека во Македонија истата ќе нема среќен крај.

Напишете коментар