Колумна- Крстот стана место за сопнување

Сабајлево бев на литургија, таму во црквата со години оди дедо Киро, веќе видно истошен од болеста со бастун, секој празник, секоја недела, му се восхитувам на желбата и силата да присуствува…..а кај сме ние, ни се спие, изморени сме, не можеме….

Е сега вака, не можам да останам имун на случувањата со Крстот во Бутел, пола од присутните да беа како дедо Киро немше да биде вака ….Не ја знам причината и потребата за изградбата на тој Крст што стана место на сопнување и место за стварање тензија.

Религијата ги спојува луѓето не треба да ги разделува…. се изначитав коментари со доста иратирачки содржини, со повик за линчување итн итн…
Христа не се величи со мегаломански објекти и празна вера….пола од црквите се празни и мета на крадци…
Ама пустата политика ви ја крши и така тенката вера па често се паѓа на политички провокации и се губи и онаа малкото што го имаме во нас дадено од Бога.
Да даде Бог и вие да ја имате верата на дедо Киро и да размислувате со вашата глава а да не сте бледа копија на одредени политички струи и политички идоли….

Автор-Даниел Ѓоргиев

Напишете коментар