Книжевен портрет на Киро Донев по повод 50 години творештво

По повод 50 години од објавувањето на првата книга на Киро Донев, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица денеска се одржа книжевен портрет на овој истакнат македонски писател за деца.

За неговото творештво зборуваа Ана Витанова Рингачева, Горјан Петревски, Ацо Гогов, Ѓорѓи Калајџиев и Сузана Мицева.

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за децата од помала возраст. Добитник е и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Негови дела се преведени на десетина јазици.

Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. „Македоника литера“ досега објави седум книги за деца на Киро Донев, а во подготовка е и осмата книга – поезија за деца со наслов „Било и се скрило“.

Истовремено, во Центарот за култура „Антон Панов“ од 15-ти до 18 март се одржува саем на книгата на „Македоника литера“, на која речиси триста публикации на оваа издавачка куќа се достапни со попуст и до 70 отсто.

Напишете коментар