Ќе се Врши Миење на Булеварите ,,Маршал Тито,, и ,,Ленинова,,

На 31. јули (петок) во периодот од 04.00 до 06.00 часот наутро, ќе се изврши детално миење на двете страни од булеварот ,,Маршал Тито,, ,на потегот од семафорите кај ,,Глобал,, до кружниот тек кај поштата.
Иста таква активност ќе биде спроведена и на 1. август (сабота) од 04.00 до 06.00 наутро и на булеварот ,,Ленинова,, , на потегот од хотелот ,,Централ,, до раскрсницата со улицата ,,24. Октомври,, (во близина на ,,Комуналец,,).
ЈПКД ,,Комуналец,, ги замолува граѓаните кои живеат на овие два булевара, како и останатите граѓани, навреме да ги препаркираат своите автомобили од споменатите сообраќајници, за успешно да бидат спроведени планираните активности.

Напишете коментар