Јавна дебата: Македонија во дигиталната ера – меѓу правата и одговорностите при комуницирањето на интернет

Македонскиот институт за медиуми, утре ( 4 декември) организира јавна дебата посветена на правата и одговорностите при комуницирањето на интернет. Настанот ќе се одржи во хотелот Есперанто во Струмица, со почеток во 11 часот.

На настанот ќе биде претставена анализа за институционалната и за правната рамка во која функционираат онлајн-медиумите во земјава, а излагања ќе имаат правници и експерти од областа на дигиталните медиуми.

Анализата нуди приказ на состојбата со почитувањето на легислативата во сферата на онлајн-медиумите и комуникациите во Македонија, осврт кон  правната рамка и опфатот на законските прописи за дигиталните медиуми,  улогата на саморегулаторните механизми, како и преглед на искуствата и перцепциите на засегнатите страни и на публиката.

Јавната дебата се организира како дел од проектот „Македонија во дигиталната ера – меѓу правата и одговорностите при комуницирањето на интернет“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми, со делумна финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Напишете коментар