„Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Ученичката сообраќајна секција од општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, ги реализира активностите од годишната програма за работа, која во рамките на проектот од Детската Фондација Песталоци, за една учебна година се финансирани и за подготовките за сообраќајно-воспитниот натпревар „Детски семафор“. Учениците во мешан етнички состав, со велосипедите набавени преку проектот, успешно ги совладуваат препреките поставени на училишниот полигон, изработени од наставникот Ѓорги Ќосевски. Теоретскиот дел се изведува на посебни тестови, користени преку веб страната на Републичкиот совет за БСП. Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во работата на ученичките секции.
Овие активности се поддржани од општина Струмица, а имплементацијата на проектот ја реализира Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието од Скопје.

Напишете коментар