Изработен Флаер за Потребите на Граѓните од Центарот на Заедницата

Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со Секторот за урбанизам и комунални работи при општина Струмица изработи флаер за потребите на граѓаните од општина Струмица кои имаат потреба од услуги од Секторот. Овој флаер ги објаснува законските акти и упатства, како и потребните документи при следните постапки поединечно:
-барање за откуп на земјиште врз основа на легализиран објект;
-барање за отуѓување градежно земјиште во сопственост на Република Македонија врз основа на градежно-техничка документација и дооформување на градежна парцела;
-начин на поднесување барање и издавање на одобрение за градење;
-потребна документација за добивање одобрение за градење.
Овој флаер наскоро ќе биде достапен за граѓаните во просториите на Секторот за урбанизам и комунални дејности, Центарот на заедницата на општина Струмица, општина Струмица и на други релевантни места.

Напишете коментар