Вечерва Изложбена Турнеја „Рудници на култура“ – од индустриска до уметничка револуција

Учесници
1. Аутопсија (Словенија) – Челична книга – метален објект
2. Лајбах (Словенија) – Инструменталност на државниот апарат – триптих
3. Метал Гуру (Хрватска) – Споменик на херојот 21 век – видео перформанс
4. Дарио Шолман (Хрватска) – Ѕвезден град – видео и цртежи
5. Желимир Жилник (Србија) – Стара капиталистичка доктрина – документарен филм
6. Владимир Кнежевиќ (Босна и Херцеговина) – Крал и кралица – метална скулптура
7. Младен Милјановиќ (Босна и Херцеговина) – „Коза Ностра“/“Наша работа“ – видео перформанс
8. Ирена Лагатор Пејовиќ (Црна Гора) – Равенство – инсталација
9. Никола Пијанманов -гостин уметник (Македонија) – Закован прозорец – (комбинирана техника на дрво)

Селектор: Branko Franceschi

Групната изложба „Рудници на култура – од индустриска до уметничка револуција“ настана во рамките на меѓународниот мултидисциплинарен проект „Рудници на културата“ чиј иницијатор и носител е организацијата Лабин Арт Експрес XXI (Лабин, Хрватска). Селекторот Branko Franceschi во изборот на своите дела ја преиспитува промената во однос на уметничката пракса и општествените елементи од историската авангарда кои иницирале излегување на уметноста од областа на производство на чиста естетска форма во секојдевниот живот и нејзината реализација во областа на политичката и општествената одговорност до современиот момент во кој критичкото размислување за реалното станал база на уметничко создавање.

Целта на проектот „Рудници на култура“ е да воспостави платформа за ревалоризација, заштита и ревитализација на значајното рударско културно наследство во државите кои настанаа на подрачјето на поранешна Југославија. Рударството во поранешна Југославија не само што било генератор на општествениот развој туку едно од ретките области каде традиционалната поврзаност и солидарноста се негови најбитни актери – рударите подоцна се судруваат со националните и новодржавни поделби и судири.Оваа изложба ќе се случи на 3 септември во Завод и Музеј-Струмица во 20-00.часот.
www.rudnicikulture.com

Напишете коментар