Изложба “Несовршен простор” на Здружението Транзен

Несовршен простор” е групна изложба од конкурсот за современи македонски сликари, на кој е откупено едно ликовно дело.
Целта на проектот е да ги мотивира и промовира активните сликари кои создаваат автентично творештво во време кога сликарството се истиснува на маргините од сцената, од вакуумот на новите медиуми и услови на брзо и евтино продуцирање визуелни производи. Основната цел е да се награди сликарот кој во своето ателје посветено создава едно сликарско дело, циклус или сликарски концепт, пркосејќи му на брзиот начин на модерното постоење. “Несовршениот простор” е вечната болка на сликата, одделена од ателјето, од матицата на уметникот. Бездомно совршено дело кое лута низ несовршениот свет на претставувањето.Чудниот спој на несинхронизирани простори, вештачки светла и самотија, молк околу сликите, се фантасмагорични феномени на кои навикнавме во изложувањето. Како во надреални соништа. Постои ли совршен простор за уметничкото дело?
На изложбата беа застапени делата на сликарите:
Александар Иванов (прва откупна награда)
Анета Ивановска Симјановска
Мирјана Крстева Масети
Ване Костуранов
Вангел Срнаков
Викторија Попоска
Владимир Илиевски
Валентина Илијевска
Верица Арапова
Гоце Илиевски
Тони Попов
Панче Ѓоргиев
Љупка Василева
Татјана Медарова
Марјан Ѕингаров
Кристина Зимбакова
Марија Трпеска
Томе Манески
Соња Настовска Мицева
Изложбата е дел од проектот “Креативна Струмица” на Здружението за култура Транзен, финансиски поддржан од програмата Г1 на општина Струмица.

Напишете коментар