Избрани најдобрите маски кои учествуваа на интернационалната карневалска поворка

Организациониот одбор на струмичкиот карневал 2017, денеска одржа прес конференција на која беа соопштени најдобрите маски кои што учествуваа на интернационалното карневалско дефиле. По категории наградени се следните маски:
Категорија А – групна маска со 50 и повеќе лица
Прва награда: СОУ „Јане Сандански“ Струмица – „Танц на животот“, СОУ „Никола Карев“ Струмица – „Антозои“, Мулен руж (Николов) – „Мери ми, омажи се за мене“.
Втора награда: ООУ „Гоце Делчев“, Василево – „Деца на сонцето“, СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица – „Дождовна игра“.
Категорија Б – групна маска со 30 до 50 лица
Прва награда: Здружение Струма, Струмица – „Визија“
Втора награда: ООУ „Сандо Масев“ Струмица – „Индијанци“
Трета награда: Кумановски средни училишта
Категорија В – групна маска со 20 до 30 лица
Прва награда: Ефтимови, Струмица – „Талкајќи низ животот“
Категорија Г – групна маска од 10 до 20 лица
Прва награда: Мулен руж (Анита) – „Капка светлина на љубовта“
Втора награда: Струмички викинзи – „Игра на тронови“
Категорија Ѓ – поединечна маска од 1 до 5 лица
Прва награда: Вештер, Струмица – „Стариот вештер“
Втора награда: Клеопатра, Струмица – „Сакам да сум невеста“
Трета награда: Пластичар, Струмица – „Маска од шишиња“
Дополнителна награда за стимулација доби маската на СОУ „Никола Карев“ од Пробиштип.
Наградите на најдобрите ќе им бидат врачени утревечер во центарот за култура „Антон Панов“ со почеток во 19,30 часот.

Напишете коментар