Избегал од затвор и крадел телиња

Радовишанец, кој избегал од затвор, крадел телиња во месноста Рудникот кај Струмица.

Како што соопшти МВР, струмичката полиција поднела кривична пријава против С.С. (28) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело кражба.

„Пријавениот, кој избегал од затворот во Струмица, во месноста Рудникот од говедарник украл две телиња од сортата буша, со што направил штета од 24.000 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Напишете коментар