Интензивна градежна сезона во општина Василево

Сушево, Дукатино и Градошорци, се населените места во општина Василево во кои деновиве активно се гради. Капиталниот проект „Изградба на порој во село Сушево“, за кој општината има обезбедено средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год. Паралелно со него се одвиваат и активностите на улицата која се простира паралелно во целата должина на поројот, за која исто така средствата се обезбедени од АФПЗРР. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов подземните кабли за канделабрите со кои ќе биде осветлена улицата веќе се поставени.

Повеќенаменското игралиште во населеното место Дукатино е асфалтирано. Поставена е и електричната инсталација за рефлекторите, а следната фаза е оградување, по што ќе следи и монтирање на спортските реквизити, со што жителите и на ова населено место ќе добијат свое спортско катче; место каде во било кое време од денот или ноќта ќе може да спортуваат и рекреираат.

Со планираната динамика се одвиваат и работите на улица 5 во КО Градошорци за пристап до индустриската зона, каде деновиве е завршена изградбата на бехатонската патека од двете страни на улицата.

„Многу бргу градежните активности во општина Василево ќе го зголемат својот обем, изјави градоначалникот на општина Василево кој го најави почетокот на изградба на три улици за кои општината има обезбедено средства, тендерските постапки комплетно се завршени и договорите со изведувачите се потпишани.

Со грант од Светска банка обезбеден преку Министерството за финансии, ќе се градат две улици и тоа: улица во Старо Владевци и улица во Василево од центарот на селото до хотел Мис Стон. И во населеното место Ангелци ќе биде изградена една улица, тоа е улицата која води кон селската црква за која општината обезбеди средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Напишете коментар