Информација за активности по ИПА проект “MРЕЖА ЗА КРЕАТИВНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“

Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија-Струмица, имплеметира
проект од ИПА Програмата за ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ Р.МАКЕДОНИЈА И
Р.БУГАРИЈА, “Мрежа за креативно претприемиштво”CB006.1.31.050

Се повикуваат сите заинтересирани млади лица со креативни идеи и
вештини од локаните училишта, универзитети и локални бизниси, невработени лица со
креативен потецијал, идни и постојани претприемачи, да се ПРИЈАВАТ за учество во
проектот “Мрежа за креативно претприемништво” CB006.1.31.050, во рамките на кој ќе
се реализираат БЕСПЛАТНИ ОБУКИ на повеќе теми
1.Креативни работилници,(ателје) за креирање на кратки филмови и
промотивни клипови
2.Креативни работилници,(ателје) за изработка на маски и костуми
3.Обуки за усовршување на вештини и знаења за занаети и рачни изработки

Преку учество во проектот ќе ги зголемите Вашите кративни идеи и вештини,
ќе стекнете нови искуства за работа во тим, а исто така ќе добиете можност и за
комуникација со експерти и колеги од Бугарија преку учество на креативен форум во
Благоевград
Најкреативните ќе имат можност за БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ во земја од ЕУ и
можност за развивање на добри практики.
Сите заинтересирани можат да се обратат во просториите на Фондацијата за
развој на МСП – Струмица Инкубатор (Стара касарна) или подетални информации да
добијат на маил: [email protected] или на тел. 034/ 349 320
Проектот е кофинансиран од страна на ЕУ преку Интеррег ИПА програмата за
прекугранична соработка Македонија – Бугарија. Партнер на Фондацијата од Бугарска
страна е Бизнис Инкубатор – Центар за поддршка на претприемништвото – Гоце Делчев.

Напишете коментар