Иако во Затвор, кај Струмичанец и Гевгеличанец Пронајдено Хероин

Штипската полиција поднесе кривична пријава против З.Ш.(55) од Гевгелија и Б.Д.(48) од Струмица, двајцата на издржување казна затвор во КПД Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Според полицијата на 8 мај од страна на полициски службеници извршен е претрес во ќелијата на пријавените во полуотвореното одделение и во шкафот на З.Ш. била пронајдена 15,67 грама хероин и 51 таблета бупренофи.

Напишете коментар