И Дечињата од градинката Детска Радост се вклучија во Сообрќајното Дефиле

Во рамките на кампањата за одбележување на светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска, се одржа уште едно сообраќајно дефиле во централното градско подрачје. Учесници во ова дефиле беа децата и нивните воспитувачи од градинката „Детска радост“ Клон 3. Дефилето почна од пред влезот на градинката, а заврши на плоштадот „Гоце Делчев“. „Внимавај ние сме деца“, „Децата немаат сопирачки затоа имате вие“, „Стоп за несовесните возачи“, беа само дел од испишаните пораки на дечињата се обидоа да го свртат вниманието и да потсетат дека сите учесници во сообраќајот се се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и се одговорни за своите постапки.

Напишете коментар