Градскиот Парк Збогатен со Часовник

Поставен е часовник во големиот градски парк во Струмица
Големиот градски парк во Струмица е надополнет и разубавен. Општина Струмица излезе во пресрет на барањата на граѓаните за поставување на часовник во големиот градски парк и тој веќе е поставен.
-Го чекавме вистинскиот момент за да се намали интензитетот на движење во големиот градски парк како би можеле непречено да го сработиме барањето од граѓаните за поставување уште една содржина во паркот. Покрај целокупната урбана опрема, деновиве завршивме и со монтажата на часовникот и со тоа дадовме нов лик на дел од шеталиштето во паркот – изјави Иван Стаменовски раководител на одделението за јавно осветлување во ЈП „Паркиралишта Струмица”.
Часовникот е поставен во координација со екипите на ЈПКД „Кoмуналец“ Струмица и ЕВН Македонија. Истиот е двостран и осветлен што значи ќе биде видлив и ноќно време.

Напишете коментар