Градоначалникот Јаневски ги започна Собирите со граѓаните по месните и урбаните заедници

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ги започна Собирите со граѓаните по месните и урбаните заедници преку кои ќе се креира буџетот на Општината за 2018 година. Заедно со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, Зоран Горѓиев, директорот на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, Верица Узунова и претставници на општинската администрација, синоќа, присуствуваше на Собирите во населените места Градско Балдовци и Куклиш. И во двете места граѓаните покажаа голем интерес и иницираа поголем број предлози за реализација на проекти со буџетски средства, а кои ќе значат подобрување на условите за живот во овие села. Собирите со граѓаните ќе продолжат вечерва во населените места Банско со почеток во 18 часот и во 20 часот во населеното место Габрово, а и двата ќе се одржат во просториите на училиштата.

Напишете коментар