Градоначалниците на општините Тесанно и Корено Аусонио од Италија во посета на о.Василево

Градоначалникот на Општина Василево, Ванчо Стојанов, денеска беше домаќин на повеќечлена делегација од Италија, предводена од градоначалниците на две општини Тесанно и Корено Аусонио. Општините веќе подолго време соработуваат, а целта на денешната посета беше градоначлниците да ги видат македонските традиции и обичаи, да бидат дел од тадиционалниот Денот на празот кој ќе се одржи во недела, како и да разменат свои искуства и идеи од повеќе области.

Градоначалниците на двете општини изразија задоволство на поканата на првиот човек на Василево, и се надеваат дека Македонија во најскоро време ќе биде дел од Европската унија, при што ќе имаат можност за поголема и поуспешна соработка.

Градоначалниците на Василево, Тесано и Корено Аусонио се надеваат дека соработката ќе се продлабочи, а истата ќе ги зближи и граѓаните на овие општини.

,,Општина Василево и во изминатиот период имаше соработка со овие две општини и денес се по повод поканата од наша страна, да ја видат нашата култура нашата традиција, нашите обичии, а секако денешната средба ќе ја искористиме за размена на искуства и се она што значи функционирање на локалната самоуправа како и она што е позитивно да го преземеме од нивна страна а секако и општините од Италија да преземат нешто и од нашите искуства, па можеби нешто ќе применат од нашато работење во нивните општини,,- истакна градоначалникот на општина Василево-Ванчо Стојанов.

Напишете коментар