Градежните активности во Габрово и Градско Балдовци во завршна фаза

Градоначалникот Коста Јаневски со соработниците го посети населеното место Габрово кадешто заврши изградбата на атмосферскиот канал во должина од 360 метри. Со овој зафат се реши проблемот со атмосферските води во селото.

Го посетија и населеното место Градско Балдовци кадешто во завршна фаза е реализацијата на проектот ,,Улица со шеталиште”.
Се довршува поплочувањето на тротоарот на којшто ќе бидат поставени 16 клупи и до крајот на неделата ќе се изврши асфалтирањето на улицата во должина од еден километар.

Напишете коментар