Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа

Во Струмица на 18-ти април, 2017 година се одржа првиот работен состанок за презентација на хрватската платформа на жупании и градови за намалување на ризици од катастрофи во рамките на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите од Југоисточна Европа.

На првиот состанок беше претставен проектот и искуството од Хрватска во намалување на ризикот од природни катастрофи. Беше презентирана организациската поставеност и активностите на Платформата на хрватските жупании и градови, организирани во ова заедничко тело заради размена на информации, искуства и оперативно дејствување во справување со природните катастрофи.

Освен хрватските експерти, на овој настан присуствуваа и претставниците од националните агенции од системот за управување и намалување на ризици од катастрофи, нивните локални центри, како и претставници на единиците на локалните самоуправи од регионот и тела кои работат на намалување на ризикот од катастрофи.

Во рамките на проектот понатаму планирани се повеќе работилници во Струмица како и во земјите партнери во проектот за размена на искуства кои ќе овозможат јакнење на капацитетите и унапредување на соработката на ниво на градови и општини во справувањето со природните катастрофи.

Напишете коментар