Ѓурѓовденски коњски трки – Сушица 2016 година

Традиционално, како и секоја година така и оваа година во организација од жителите на село Сушица, Општина Ново Село се одржаа „Ѓурѓовденските коњски трки“. Коњските трки во село Сушица се атракција меѓу населението. Интересот за учество расте, бидејќи младите во нив гледаат добра и невообичаена забава. Оваа година учество земаа четворица натпреварувачи и истите се тркаа на 3 km патека. Прво и второ место им припадна на натпреварувачи од село Сушица, а трето на натпреварувач од село Иловица.

Напишете коментар