Форум за прибирање средства за поддршка на активности за меѓуетничка интеграција во образованието

Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), којшто се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, во соработка со општините од југоисточниот регион се одржа Форум за прибирање средства од заедницата за поддршка на активностите за меѓуетничка интеграција во образованието (МИО).
Од општина Струмица на Форумот присуствуваа претставници од општината-одговорни за образование, директори на основни и средни училишта и претставници од бизнис секторот во локалната заедница.
Од страна на претставници од Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје, присутните беа запознати со основните концепти и методи за прибирање на средства, легалната рамка за донации и спонзорства, а беа претставени и успешни примери од претходни проекти и секојдневната активност на училиштата.
Општина Струмица во рамките на соработката со училиштата и локалната заедница успешно спроведува повеќе активности за меѓуетничка интеграција во образованието во кои се вклучени голем број на ученици, наставници и родители.

Напишете коментар