ФК Академија Пандев на 68-то издание на Viareggio Cup 2016

ФК Академија Пандев ќе биде дел од следното 68 издание на традиционалниот фудбалски турнир за млади категории Вијареџо 2016. Нашата фудбалска школа во текот на изминатата недела доби официјална покана од организаторот за учество на овој турнир, и истата со задоволство е прифатена. Турнирот се одржува од 8 до 24 февруари 2016 година, а на него стандардно ќе учествуваат 16 домашни, италјански екипи и исто толку екипи од останатиот дел од светот. Начинот на одигрување е стандарден, со 4 екипи во групната фаза, а потоа елиминации..

Исклучително важно да се спомене е фактот што турнирот е организиран за играчи родени 97 и четири играчи 96 година во секој тим, но нашиот тим ќе настапи со играчи родени 1998/99 година.

Со ова нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, продолжува да покажува како вистински помага на македонскиот фудбал и како со финансирање на неговата сопствена академија прави македонскиот фудбал да има светла иднина.

Напишете коментар