ФК Академија Пандев – ФК Гоблен 2:1 (1:1)

Во првиот бараж натпревар за пополнување на втората лига тимот на Академија Пандев извојува минимална победа од 2:1.

Академија Пандев го започна натпревраот со негатива бидејќи тимот на ФК Гоблен поведе уште во 16 мин со 0:1.

Сепак избраниците на Панче Стојанов покажаа карактер и квалитет и веднаш по примениот гол ја презедоа иницијативата која ја имаа се до крајот на натпреварот. Како резултат на тоа Зоран Златковски по асистенциите на Марков и Деспотовски знаеше како да реагира во 31 и 51 мин и да направи целосен пресврт. До крајот на натпреварот младиот Радојчиќ пропушти зицер шанса, а истото му се случи и на искусниот Начевски. Академијаа Пандев на вториот натпревар кој ќе се игра во недела истотака во Кочани со почеток во 16 часот ќе настапи со предност од еден гол и го делат уште 90 мин од промоцијата во ВМФЛ.

Напишете коментар