Еве ме пак – новото музичко изненадување од Александра Јанева

Струмичанката Александра Јанева деновиве го подготвува својот прв солистички видео запис за нејзината најнова композиција. Песната со наслов „Еве ме пак“ се снимаше во соработка со композиторот Ѓорги Крстевски кој е автор на музиката, текстот и аранжманот.

Видео-спотот за песната снимен на неколку локации во Скопје е во завршна фаза, а на него работеа видео-продукцијата „Krstevski music“и „Bojadziev photography“. За изгледот на Александра се погрижи Драган Гоцев – Даци.

Во период на музичко затишје на македонската сцена со нетрпение го очекуваме најновиот квалитетен производ на талентираната и амбициозна Александра и нејзиниот тим. Овој проект се реализира со поддршка на државните субвенции за стимулирање популарна македонска музика.

За наредниот период Јанева најавува уште многу квалитетна музика со која ќе се обиде да го привлече вниманието на публиката.

Напишете коментар