ЕД.Планетум- Организира тренинг курс “Green enterprise“-зелено претпријатие

Еколошко друштво Планетум во периодот од 04. 03. 2016 до 12. 03. 2016 во хотел Илинден , Струмица организира тренинг курс

.
Седум дневниот трениг е дел од проектот „ Green enterprise “ кој започна во Ноември 2015 год. и завршува во Мај 2016 година.
Тренинг курс е дел програмата Erasmus + KA1 мобилност на младински работници , финансиран од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, преку Европска Комисија.
Целта на овој тренинг е: зголемување можноста за вработување на младите луѓе преку искористување на нивниот креативен потенцијал преку збогатување на пазарот со нови работни позиции преку отварање на еко социјално претпријатие.
Тренигот е дел од неформалното образование се одвива преку работилници опфаќајки повеќе теми: Социјално претриемништво , разликите меѓу зелено претримеништво и претприемништво ,бенифит и влијание на зелено претприемништво за животната средина, луѓето и заедницата, иновативни примери и добри практики од секоја земја за социјално претримеништво , циркуларна економија наспроти линеарната, зелени работни места и зелени вештини, бизнис план, креирање на зелени бизнис и развој на модели за зелено социјално препримеништво.
Во неформалниот дел на тренигот секој учесник има можност да си ја претстави на кретивен начин својата земја збогатено со традиционлана храна и музика, доближувајќи ја културата и традицијата до другите учесници. Исто така низ различни вежби преку директен контакт со локалното население, посета на локален социјалне бизнис и еко прошетка, учесниците се доближуваат и до локалното население, ширејќи ја инетеркултурната димензија, што всушност е една и целите на Еразмус+ програмата.
На обуката учествуваат претстваници од 10 европски земји: Ирска, Турција, Бугарија, Хрватска, Шпанија, Италија, Германија, Латвија, Романија, Македонија.
Обучувачите се интернационални тренери кои дизајнираат и водат интернационални програми.По завршувањето на обуката секој учесник ќе добие Youth pass сертификат европски признат сертификат за нон формално образование во младинската работа.Youth pass е дел од програмата Еразмус + во полето на Млади.

Напишете коментар