Џонсон Контролс ќе вработи 1.500 лица во новата фабрика во Струмица

Американската компанија Џонсон Контролс во средата потпиша договор со македонската влада за изградба на фабрика во Струмица, во која ќе бидат отворени 1.500 работни места.

Согласно договорт предвидено еда биде изградена фабрика за производство на покривки за автомобилски седишта во ТИРЗ Струмица, а инвестицијата ќе изнесува 20 милиони евра.

Договорот го потпишаа во Скопје директорот на Џонсон Контролс Вили Ван-Лој и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.

Директорот на Трим-групацијата  Питер Хајфт, истакна дека ова ќе биде втора фабрика на компанијата во Македонија, по онаа во Штип, каде се вработени 1.800 лица

„Успешното развивање на фабриката и успешната соработка со Владата во Македонија низ изминатите години го отвори патот за следните чекори. Нам ни е особено драго што моежеме да објавиме дека ќе ја градиме нашата втора фабрика во Македонија во слободната индустриска зона во Струмица и ќе го продолжиме позитивниот развој во државата, вели генералниот директор на компанијата“, рече Хајфт.

Веќе се вработени 130 лица од кои дел се испратени на обука, а до крајот на годината се очекува вработување на уште 500 лица.

Компанијата за неколку месеци ќе започне да работи како браунфилд инвстиција, а на пролет идната година ќе се отвори новоизградената фабрика кога ќе биде реализирана и бројката од 1.500 вработувања.

„Особено нè радува фактот што се поголем број на компании одлучуваат да инвестираат надвор од зоната во Скопје, што значи дека по Кичево, Струга, Прилеп, Тетово и Штип, сега и оваа зона ќе биде функционална и ќе има своја компанија тука“, рече Мизо.

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека секоја нова инвестиција е радосен настан кој носи просперитет и нови вработувања во регионот каде истата се реализира.

„Ние сме задоволни како Влада што вкупниот бизнис амбиент и со првокласната поддршка, како и за секој друг инвеститор, успеавме да се договориме да дојдат повторно во Македонија. Тука не се само даноците во прашање, работата на Царината, станува збор за целокупната структура што е формирана за привлекување на странски инвестиции и она 12 место во светот, преточено во реалноста е нови инвестиции, нови инвеститори“, рече Ставрески.

На потпишувањето на договорот присуствуваа премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев, вицепремиерот Владимир Пешевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Напишете коментар