Двор во Градинка или место за собирање на кучиња Скитници

До нашата редакција пристигнаа фотографии направени од загрижени родители кои реагираат на кучињата скитници кои се собираат во дворот на градинка Детска Радост во близина на седиштето на Црвениот Крст.

Родителите реагираат затоа што овие кучиња можат да ги нападнат нив како и самите деца, а можат да принесат и некоја заразна болест.

Тие  преку нашиот медиум апелираат до надлежните институции  да преземат соодветни мерки за отстранување на овие кучиња бидејќи се наоѓаат во дворот на градинката, место кое е полно со мали дечиња.

 

Напишете коментар