Дводневна обука во рамките на проектот „Размислуваме за компостирање“

На 06.07.2017 и 07.07.2017 во Хотел Сириус, Струмица се одржа дводневна обука во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир” кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Југоисточен плански регион како лидер партнер и Асоцијација на Југозападни Општини од Р.Бугарија како проектен партнер. Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

Обуката се состоеше од четири модула презентирани од експерти од Р. Македонија и Р. Бугарија.

Целта на оваа обука беше запознавање на учесниците со проектот, компостирањето, процесот на компостирање, видови на компостери, историјата и потеклото на истите како и придобивките од компостирањето.

Учесници на обуката беа претставници од општините од Југоисточен Регион на Р. Македонија како и претставници од Р. Бугарија.

Напишете коментар