Две победи во првите 1/4 финални натпревари од националниот куп на Македонија

Денес се одиграа првите натпревари од 1/4 финалето на националниот куп на Македонија.

Кадетите на ФК Академија Пандев остварија значајна победа против ФК Мeталург со резултат од 3:0. Стрелци на головите беа : Ѓоргичков Методи во 36 мин, на 2:0 зголеми Маневски Михаил во 61 мин, а конечните 3:0 беа дело на Аздрен Мена во 70 мин.

Младинците на ФК Академија Пандев имаа далеку полесна задача против младиот состав на Младост Царев Двор. Тие остварија убедлива победа од 13:0, со што веќе со едната нога го осигураа пласманот во полуфиналето. Стрелци на головите за ФК Академија Пандев, Ефремов Трајче 3 гола, Мишов Александар 2 гола, Стојков Никола 2 гола, а по еден гол постигнаа : Михаилов Филип, Темелков Ристе, Киров Ване, Јованов Ване, Мицев Столе и Радојчиќ Даниел.

Реванш натпреварите се играат на 11.11.2015 год.

Напишете коментар