Драган Јованов – Македонски современи фитотерапевтски методи при третман на меките ткива и усната празнина во стоматологијата

Потреба да се сочува оралното здравје
Основен услов за добро планирање и организација на здраствените па и стоматолошките служби на одредена територија, е адекватната проценка за здраствените потреби на населението. Здраствената и стоматолошката служба со своите ресурси треба да им излезе во пресрет на населението од некој регион за кој е одговорна. Оние кои управуваат со системот за здраствена заштита, би требало да изнајдат начин, да ги идентификуваат здраствените потреби, да одредат кои интервенции, мерки и активности се делотворни како одговор на потребите на секој поединец, популациони групи, како и меѓу нив да воспоставата приоритети, по основни етички принципи во здраството.
Професионално дефинирани здраствени потреби за услугите на стоматолошката служба ги утврдуваат експерти – професионалци во оквирот на одредена гранка во медицината, односно стоматологијата.
За да се дефинираат здраствените потреби мора да се имаат во предвид здраствената потреба на населението, секој поединец да превземе одговорност за своето здравје.

Заболување на меките ткива
Етиопатогенеза и превенција на парадонтопатија
Парадонтопатијата настанува како резултат на комплексни интеракции помеѓу периодонтални патогени и системски реакции на домакинот на инфламацијата. Според Schroeder парадонтопатијата е собир на различни заболувања на потпотниот апарат на забите, настанат со специфични дејствија на микроорганизмите на денталниот плак, чиј развој е овозможен со постоење на одредени внатрешни и надворешни предиспонирани фактори.
Денешните истражувања на етиологијата на парадонтопатијата, недвосмислено потврдуваат дека микроорганизмите на денталниот плак се главен етилошки фактор за заболувањата на ткивата.
Директното влијание на микроорганизмите на денталниот плак и нивните продукти на потпорниот апарат на забите е од големо значење во иницирање на инфламаторни промени, меѓутоа се поголем е интересот и се придава значење на антигенот на потенцијалниот плак, и тоа за настанување на тешки форми на парадонтопатија.
Парадонталните ткива се развојно, топографски и функционално во тесна врска, како и промените кои со текот на времето во нив настануваат. Парадонцијата ја сочинуваат гингивата, перидонција, цемент и алвеоларна коска. Функционално овие компоненти на парадонцијата, можат да се поделат во три категории:
– Алвеоларна коска, цемент и перидонтални влакна, функцијата им е да ги сидрат забите во алвеолите.
– Дентогингивален спој, кој ја сочинува врската меѓу гингивите и забите а истовремено ги одвојува перидонталните влакна и сврзните елементи од оралната средина
– Покровни епителни ткива, кои го штитат дентогингивалниот спој од прекумерен мастикаторен стрес.

Превенција од парадонтопатија
За детска возраст е значајно што многу од превентивните мерки се значајни за устата и забите. Нивната примена е наефикасна ако се спроведе уште од најмлади години и ако премине во навика.
Кои видови на превенција треба да се применуваат за заштита на оралното здравје:
– Здраственото воспитување
– Мотивација
– Правилна и редовна орална хигиена(темелно чистење на забите,два пати на ден-наутро и навечер,со мека четка за заби и паста за заби со флуор,користење на интердентален конец за чистење на интерденталните простори)
– Редовни контролни прегледи
– Правилна исхрана
– Специфична превенција
– Правилно дишење

Стратегија за превенција на болести на устата и забите
Здравјето во современиот свет постана виско ценета, индивидуална и колективна вредност, со што услови многу земји да ги дефинираат и усвојат одговорните национални здраствени програми, како основа за унапредување на здраствените работи во својата земја. На денешно време се опишуваат две врсти на стратегии за превеницја од болести:
– Стратегија за заштита на особите со висок ризик-која подразбира нивна идентификација и превземање одредени мерки на превенција и терапија.
– Популациона стратегија- подразбира контрола на појава на нови заболувања на целата популација, и за одржување на нормални биолошки услови, примена на одредени превентивни мерки

Исхрана и орално здравје
Устата и забите, како почетен дел на органите за џвакање, имаат важна улога во земање, приемот и припремата на храната за понатамошно искористување. Разбирливо е да секој вид на храна, начин и навики во исхраната, значајно влијаат на развитокот на устата и забите, како и на целото максиофацијално поле, и појава на одредени заболувања и малформација во оваа регија.
Влијание на исхраната врз забите во раст
Во текот на развојот на забите во раст, влијанието на храната на здравјето е многу битна. Во градење на органиските основици на забите – матрикс, најважна услога покрај мастите и јаглените хидрати имаат протеините, додека во периодот на минерализација (неорганскиот дел на забот) од голема важност е присуство на соли и некои хормони. Во текот на развитокот забот е многу осетлив на различни влијанија кои се ги условуваат неговите особини и карактеристики, како што е обемот и големината, структурата на забните ткива, квалитетот и отпорноста на глеќта. Без адекватна и избалансирана исхрана, забните ткива не можат нормално да се изградат.

Влијание на исхраната врз забите во функција
Влијанието на исхраната во забите во функција може да биде физички и хемиски. Физичкото односно механичкото влијание на забите е многу важен процес, како за зачувување на забите, така и за појава на заболување на устата и забите. Хемиското влијание на забите може да биде примарно и секундарно. Примарното дејство на храната подразбира внесување на кисела храна во вид на бомбони, салата, цитрусно овошје, лимон, сокови и др. Секундарното дејство е многу значајно за настанување на кариес на забите. Внесената храна која не е кисела или слатка, се ферментира под дејство на бактериските ензими на оралната флора и настануваат кисели метаболити кои остануваат премногу долго во устата во составот на плакот на површината на забите, каде доведува со текот на времето до деминерализација на тврдите ткива на забите.
ЗАБОЛУВАЊЕ НА МЕКИТЕ ТКИВА ВО УСНАТА ПРАЗНИНА И НИВНА ФИТОТЕРАПЕВТСКА ЗАШТИТА
Постојат повеке заболувања на меките ткива во усната празнина. Една од најчестоте е појавата на афти.
Афти се мали, многу болни ранички кои се појавуваат на слузокожата на усната празнина. Можат да бидат бели, сиви или жолти, а се појавуваат поединечно или во групи. Најчесто се појавуваат на врвот или ивиците на јазикот, од внатрешната страна на образот или внатрешната ивица на усната. Причини за нивно пјавување се пад на имунитетот, генетска предиспозиција, недосататок на витамини и минерали, механичка повреда(гризнување), неправилно миење на забите, зголемене температура при некоја болест, стрес, вирусна, бактериска или габична инфекција, анемија, алергија, хормонално пореметување, грип, исцрпеност, лоша исхрана. Вообичаено за афтите е што се појавуваат повторно после неколку месеци.
Афтите се чиреви со кружен облик, во различна големина, проследени со болка. Се појавуваат ненадејно и тоа со непријатно чувство, пецкање, црвенило, бол и оток. Процесот на зараснување од 3 до дури 30 дена.
Најдобра превенција за појава на афти е јакнење на имунитетот, правилна исхрана со мнгу витамини, флавоноиди и минерали, доволно спиење и секојдневно вежбање.

ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПОМОШНИ ПРЕПАРАТИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗАБИТЕ И УСНАТА ПРАЗНИНА
ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПОМОШЕН ПРЕПАРАТ ЗА АФТИ
Намена:
Овој природен помошен препарат се употребува при афти во устата.
Потребни состојки:
– 1 лажица лист и цвет од ајдучка трева (Achillea millefolium)
– 1 лажица лист и цвет од црвен кантарион (Erythraea centaurium)
– 6 dl вода
Начин на подготовка:
Се зема 1 супена лажица ситно иситнет лист и цвет од ајдучка трева (Achillea millefolium) и лист и цвет од црвен кантарион (Erythraea centaurium) . Сето тоа ставете го во 6 dl врела вода. Оставете го така поклопено 2 часа. Потоа процедите и правите гаргара повеќе пати во текот на денот.
Употреба:
Терапијата трае 5 дена.
ЗАБЕН КАМЕН
Зошто и како настанува
Кај голем број на луѓе се забележува создавање на цвртсти забни наслаги. Овие наслаги настануваат со минерализација на супрагингивалниот и субгингивалниот дентален плак, Иако практикуваме добра орална хигиена сепак имаме бактерии во устата, кои заедно со протеините и продуктите од храната, создаваат леплив филм наречен дентален плак. За отстранување на плакот и спречување на негова минерализација потребно е добро механичко чистење на забите од сите страни.
Со минерализација на супрагингивалниот дентален плак настанува супрагингивален забен камен кој се карактеризира со цврста конзистенција и е цврсто припоен за попвршината на забот, Има боја која варира од бела до темно жолта. Предилекциони места за соиздавање на забниот камен се внатрешна страна на долни предни заби и надворешна страна на горни бочни страни.

ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПОМОШЕН ПРЕПАРАТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЗАБИТЕ ОД КАМЕНЕЦ
Намена:
Овој природен помошен препарат се употребува за чистење на забите од каменец.
Потребни состојки:
– 2 лажица лист од жалфија (Salvia officinalis)
– 2 лажица лист и цвет од црвен кантарион (Erythraea ceantaurium)
– 4 dl вода
Начин на подготовка:
Се зема 3 супени лажици ситно иситнет лист и цвет од црвен кантарион (Erythraea ceantaurium). Сето тоа се става во 4 dl зовриено врело црвено вино (разблажено со малку вода). Оставете го така поклопено 2 часа. Потоа процедите и испирајте ја устата во текот на денот.
Употреба:
Терапијата трае 6 дена.

ЗАБОЛУВАЊЕ НА НЕПЦАТА
(ГИНГИВАТА)
Доколку не се изврши редовно отстранување на наслагите на забите, може да дојде до иритација на гингивата и следствено до појава на воспаление. Најраниот стадиум на воспаление се нарекува гингивитис. Се катактеризира со оток, чувствителност и крварење за време на четкање на забите. Доколку не се излечи гингивитисот може да настане тежок облик на заболување на гингивата-пародонтопатија.

ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПОМОШЕН ПРЕПАРАТ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТЕГОБИТЕ ПРИ ГНОЈНО ВОСПАЛЕНИЕ НА НЕПЦАТА
Намена:
Овој природен помошен препарат се употребува за олеснување на тегобите при воспаление на непцата.
Потребни состојки:
– 2 лажици лист и цвет од подбел (Tussilago farfara)
– 2 лажици лист и цвет од ајдучка трева (Achillea millefolium)
– 4 dl вода
Начин на подготовка:
Се зема 2 супени лажици ситно иситнет лист и цвет од подбел (Tussilago farfara) и 2 супени лажици лист и цвет од ајдучка трева (Achillea millefolium). Сето тоа се става во 4 dl зовриена врела вода. Оставете го така поклопено 2 часа. Потоа процедите и испирајте ги непцата во текот на денот.
Употреба: Терапијата трае 5 дена.

ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА КРВАРЕЊЕ НА НЕПЦАТА

– Лоша орана хигиена (неправилни четкање и истото моѓе да доведе до хронично воспаление на непцата и појава на крварење)
– Искривени или малпонирани заби (ги прават забите недостапни за четкање и тука повеќе се акумулира храна и бактерии)
– Траума на гингивата (поради користење на тврда четка)
– Недостаток на витамин Ц (ако не се вклучуваат доволно зеленчук и овошје во исхраната)
– Недостаток на витамин К
– Хормонални промени кај жените (пубертет, бременост или постменопауза)
– Крвни нарушувања
– Лекови (клопидрогел, аспирин….)
– Заболување на црниот дроб
-Рак (леукемија,мултипли миелом….)
ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПОМОШЕН ПРЕПАРАТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ ПРИ КРВАРЕЊЕ НА НЕПЦАТА
Намена:
Овој природен помошен препарат се употребува за намалување на симптомите при крварење на непцата.
Потребни состојки:
– 2 лажици лист од ранилист (Betonica officinalis)
– 2 лажици лист од коприва (Urtica dioica)
– 9 dl вода
Начин на подготовка:
Се зема 2 супени лажици ситно иситнет лист од ранилист (Betonica officinalis) и 2 супени лажици ситно иситнет лист од коприва (Urtica dioica). Сето тоа се става во 9 dl зовриена врела вода. Оставете го така поклопено 2 часа. Потоа процедите и консумирајте по 2 dl пред доручек, ручек и вечера. На останатите 2 dl додајте една кафена лажица сол. Добро промешајте и конзумирајте одеднаш.
Употреба:
Терапијата трае 6 дена.

Заклучок:
Можеме да заклучиме дека превеницјата за заштита на забите и усната празнина е најпотребна за добро човеково здравје. Употребата на фитотерапевтски билни препарати за заштита на меките ткива на забите и усната празнина, се неопходни за употреба. Исто така, храната која ја конзумираме е битен фактор за здрави заби и заштита од кариес и расипување на забите. Треба сите да знаеме, ЗА КОМПЛЕТНО ДОБРО ЗДРАВЈЕ ПОТРЕБНО Е ДА ГИ СОЧУВАМЕ ЗДРАВИ ЗАБИТЕ!

Напишете коментар