Дневен ред за 56-та седница на Советот на општина Василево

На 28.07.2017 година (петок) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 56-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-1).
Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-2).
Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-3).
Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево“ за 2018 година.
План за управување со отпад на општина Василево.
Решение за одобрување на Регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион.
Мислење по финален извештај за стратегиска оцена на животната средина.
Регионален план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион.
Стратегиска оцена на животната средина на Регионалниот план.
Донесување на одлука по барање за финансиска помош поднесено од Жаклина Маврова од с. Добрејци.
Донесување на одлука по барањето за спонзорство поднесено од ЛД„Фазан“ од Василево.
Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – магацин на к.п бр. 1220/2 КО Владевци.

Напишете коментар