Дежурна Критика- Градската Саат Кула Архитектонски Феномен или Естетско Промашување

Дежурна критика повторно со свој статус на фејсбук околу аркитектурата во Струмица, овој пат станува збор за  Градската Саат Кула..Кој е  нивниот став,  ќе дознаете од статусот  кој во продолжение можете да го прочитате…

ДЕЖУРНА КРИТИКА

Пишувавме и порано за архитектонскиот феномен кој е лоциран на градскиот плоштад и кој се нарекува по некоја асоцијација на европските градови “градска саат кула” – само заради тоа што има залепено часовник на самата градба. А всушност тоа е неуспешен градежен експеримент кој во догледно време би било сосема логично или да се дислоцира (до некоја бензиска станица на автопат поставена на далечно растојание помеѓу два града) или да се оформи и доизгради со претходно распишан конкурс и на увид од јавноста од некој успешен архитект–естет, користејќи ја сегашнава “модернистичка” форма само како конструкција и арматура за својот нов проект. Тоа би било мошне тежок зафат но естетски многу исплатлив и долгорочен.
Сегашниов статус е за сосема друг феномен кој се надоврзува на претходното пишување за кулата. Очигледно и самите општински власти се толку разочарани и до толку ја разбрале промашеноста и неприфатеноста на ова чудо–здание од граѓаните (ако се направи анкета ми се чини дека само архитектот и изведувачот би се изјасниле дека оваа таканаречена саат кула треба да остане на местото таква каква што е), што почнале да ја користат како рекламно пано за колачи. Часовник и реклама за колачи. Да,тука случајно се нашол и мозаикот со знамето и картата на РМ. Можеби следното пано ќе биде за некој алкохолен пијалок како пандан на огромната реклама за пиво која 90 проценти ја покрива предната фасада на Центарот за Култура. Тука главното прашање е – дали некој би помислил да издаде дозвола да се постави рекламен плакат и со тоа да го покрие ликот на својата градска саат кула која насекаде во светот е симбол на плоштадите, ако истата си ја извршила својата естетска функција за украс и симбол на еден град?!?

Напишете коментар