Дебата: ЕУ е дел од решението, но и од проблемот во Македонија

Здружението „НОВУС“ во рамките на проектот „Запознај ја европската унија – делувај европски“ којшто е финансиран од општина Струмица, ќе организира јавна дебата во соработка со дебатниот клуб при Младински совет – Струмица на тема „ЕУ е дел од решението, но и од проблемите во Македонија“.
Преку дебата учесниците ќе ги изнесат своите аргументи за или против, а ќе се потенцираат и бенефитите и ограничувањата што Македонија би ги добила доколку стане дел од Европската унија.
Дебата ќе се одржи во вторник (1 декември) со почеток од 19.00ч во големата сала во дом на АРМ. Дебатери ќе бидат Цветанка Манчева, Александра Николова, Ристо Ковачев, Вероника Поповска, Верица Китанова, Љубица Поп-Трајкова, Лилјана Ѓорѓиева и Викторија Јанушева.
Овој настан ќе биде од отворен карактер и секој заинтересиран граѓанин може да присуствува на дебатата.
За дополнителни информации и/или прашања, можете да се обратите на следниот е-маил: [email protected] или тел. 078/699-499.

Напишете коментар