Да ги заштитиме децата во сообраќајот-едукативно предавање на СВР Струмица

Отсекот за превенција при СВР-Струмица, во кординација со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица, денес во ООУ Видое Подгорец, организираше едукативно предавање.

СВР-Струмица, во рамките на своите програмски определби отпочна со со реализација на едукативните предавање во Основните училишта на подрачјето, на тема Заедно за поголема безбедност во сообраќајот, истакна ,Љупчо Алаѓозовски-Раководител на безбедносен реон во ПС за БПС-Струмица.

Најмалите имаа можност да ги научат најосновните правила и тоа што значат боите на семафорите, за вниавањето при преминувањето на улиците како и за се што е потребно за нивната безбедност како учесници во сообраќајот.

Напишете коментар