Четириесет и шестата седница на Советот на општина Ново Село

Денес на 23.02.2016 година, Советот на општина Ново Село ја одржа четириесет и шестата седница на чиј дневен ред беа осум точки:

1. Предлог-Одлука за откажување на Општина Ново Село од потребата за градба на објект од јавен интерес од локално значење како и од водење на постапка за експропријација на градежното земјиште и постоечките објекти на истото земјиште и е согласна објектот да го гради ДПТУ КВИЗ ДООЕЛ с.Мокрино ;
2. Давање согласност на Актот за систематизација на работни места на ЈОУДГ ,,СОНЦЕ,, – Ново Село ;
3. Предлог-Одлука за давање согласност на ЈОУДГ ,,СОНЦЕ,, – Ново Село за формирање на групи во кои може да има поголем или помал број на деца од бројот на деца утврдени во член 64 од Законот за заштита на деца;
4. Решение за не објавување на одлуката за давање согласност на Одлуката на управниот одбор на ЈПКД ,,Комуна,,- Ново Село за утврдување на цена за приклучок и оддржување на фекалниот канализационен систем;
5. Предлог- за утврдување на цена за приклучок и оддржување на фекалниот канализационен систем во село Ново Коњарево;
6. Предлог- Одлука за прифаќање на донација моторно возило марка ФОЛСФАГЕН ГОЛФ ВАР 4МОТИОН;
7. Прелог –Одлука за измена на одлуката за сопствено учество на Општина Ново Село во проект за,,Подобрување на условите за квалитетен живот и безбедност на граѓаните од населените места низ кои поминуваат А4, Р1105 и Р1102 во ЈИПР;
8. Разгелдување на молби и барања

Напишете коментар