Честитка по повод Курбан-Бајрам од градоначалникот на општина Василево

Почитувани сограѓани, припадници на Муслиманската вероисповед

Од мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви упатувам искрени честитки по повод најголемиот Муслимански празник, Курбан Бајрам – празникот на принесување жртва, празникот кога богато се полнат трпезите, празникот кога ширум се отвараат портите за сите добронамерници.

Во овие празнични денови нека исчезнат сите тензии, да се свртиме едни кон други, искрено, отворено, без предрасуди и во хармонија да продолжиме да го негуваме заедништвото. Учејќи едни од други врз темелот на различностите, како и досега да градиме квалитет, да го негуваме соживотот како основа за успех и напредок во нашата заедница.

Почитувани сограѓани, припадници на Муслиманската вероисповед!

Искрено и од се срце Ви посакувам милоста божја да ги исполни Вашите срца и души, домовите да Ви бидат храмови на добрината, солидарноста и соживотот, а празничната светлина да Ве осветлува во овие и во сите останати денови од годината.

Нека Ви е среќен празникот Курбан Бајрам

Напишете коментар