Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Денот на наставата на турски јазик

Јазикот, заедно со културата и традицијата, е белег на себеспознавањето на етничките заедници и дел од идентитетот на народите. Правото да се учи и изучува сопствениот јазик е едно од најсуштествените права на секој човек, без разлика каде живее.
На Турците кои живеат во општина Струмица, тоа право, заедно со правото да ги негуваат своите културни и традиционални вредности, им е целосно овозможено. Покрај застапеноста на турскиот јазик во образовниот процес на турските учениците од нашата општина, истиот се унапредува и збогатува со бројни проекти кои се редовно поддржувани од страна на Општина Струмица. Поддршката и заложбите на тој план, ќе продолжат и во иднина.
Од мое лично име и од името на Општина Струмица, на сите наставници и ученици кои изведуваат и посетуваат настава на турски јазик, им го честитам 21. Декември – Денот на наставата на турски јазик.

Напишете коментар