Бог се Јави- Денес е Богојавление ВОДИЦИ

Православните верници денес ќе го слават големиот христијански празник Богојавление – Водици, кој се празнува уште од вториот век. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Празникот се нарекува уште и Водици заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден. Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. Некрстени денови.

Богојавление – Водици согласно Законот за празници на Република Македонија е неработен ден за верниците од православна вероисповед.

Напишете коментар