Александар Донев-За Божиќ да го исполниме секој дом, семејство и ближните со добра мисла и љубов

Почитувани,
Големиот христијански празник Божиќ нè учи колку е значајна човечноста, како да бидеме солидарни и да ги надминеме разликите.
За Божиќ да го исполниме секој дом, семејство и ближните со добра мисла и љубов.
За татковината посакуваме единство во мислата и делата на сите кои прават добро. Секогаш да се сеќаваме дека празниците се денови на настава за духот на трпението, издржливоста и братството.
Во духот на нашата многувековна традиција, Ви посакувам празничните денови да ги минете исполнети со љубов и топлина.
Во името на Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица и во мое лично име Ви го честитам големиот христијански празник Божиќ
Христос Се Роди!
Навистина Се Роди!

Напишете коментар