Александар Донев- СДСМ да одговори, зошто струмичани плаќаат убедливо најскапа вода во Македонија

Почитувани сограѓани,

Денес сакаме да Ви предочиме како досегашната локална власт
предводена од СДСМ за повеќе од 12 години успеа да упропасти едно
јавно претпријатие кое што треба да биде главната артерија за
животот во општината.

Во Комуналец моментално работат 422 вработени на
неопределено и неколку стотина на договор на определено време.
Аналогно на тоа, во истото претпријатие има вработени кои
што таму работат по 10-15 години и истите немаат напредувано ниту
едно скалило во кариерата поради една и единствена причина.

Покрај толку многу вработени, општината е во целосен хаос од
диви депонии кои никако не се расчистуваат, улиците во градот се
преполни со смет, а во турското маало и населените места ситуацијата
е уште пострашна и позагрижувачка, бидејќи поради вашата негрижа
тие луѓе се изложени на секакви заразни болести.
Oттука и прашањето, дали луѓето од турското маало и
населените места ги сметате за граѓани од втор или трет ред?

Во владеењето на СДСМ во ЈПКД Комуналец поголемиот дел од
возниот парк не е обновен уште од 1998 година, а и тие што се купени,
се половни возила кои што многу често се расипани, а нивните
поправки се доста скапи.

СДСМ да одговори, зошто струмичани плаќаат убедливо најскапа
вода во Македонија, а истите немаат никаков бенефит во насока на
вложување во капитални проекти реализирани од истото претпријатие.

Исто така за да бидете до крај транспарентни кон граѓаните на
општина Струмица,какви што се претставувате, прашуваме-
●Дали имотот на ЈПКД Комуналец е ставен под хипотека?
●Ако е ставен по хипотека, која е причината за тоа?

Прашањата се децидни и Вие им должите одговор на нашите
сограѓани затоа што тоа се нивни средства и треба да знаат каде и
како се трошат истите.

Напишете коментар