Академија Пандев со победа против Лабуништа од Струга обезбеди пласман во осминафиналето во Купот на Македонија

Академија Пандев обезбеди пласман во осминафиналето во Купот на Македонија, откако во Струга го победи тимот на Лабуништа со резултат 3-1. Стрелци на головите за Академија Пандев беа Мишов, Дориев и Илиев. Следен натпревар за лидерот на ПМФЛ е во недела, каде на стадионот „Кукуш“ во Турново, го пречекува тимот на Шкупи од Скопје. Натпреварот започнува во 16.30 часот.

Напишете коментар