Петта „Иселеничка средба“ во Босилово

На 30 Јули во четврток со почеток во 21 часот на летната сцена во ООУ „Гоце Делчев“ Босилово ке се одржи петтата по ред „Иселеничка Средба“
Босилово важи за општина која има голем број граѓани кои долги години живеат и работат во некоја од европските држави и токму затоа локалната самоуправа пред четири години започна да ја реализира средбата која има за цел да ги собере на едно место иселениците од сите населени места од општината, но и од регионот.
Најубавиот начин да се направи тоа е концерт со убавата македонска песна.
Општина Босилово Ве поканува да присуствувате на оваа прекрасна манифестација

Напишете коментар