Проектот „Квалитетни услови за среќни деца“ доби најголема поддршка на Проектниот форум

Со четвртата сесија која што се одржа денеска во големата сала на домот на АРМ, заврши Проектниот форум „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од страна на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. На сесијата се гласаше за предложените проекти од претходните три форумски сесии. Најголема поддршка доби проектот „Квалитетни услови за среќни деца“ со чија реализација треба да се подобрат условите за престој на дечињата во Клон 4 на градинката „Детска радост“. На сите учесници во овој проектен циклус им се заблагодари градоначалникот Коста Јаневски кој рече дека со овој Проектен форум потврдивме дека имаме капацитет и со нашите европски партнери и самостојно, нашата убава општина Струмица да ја направиме уште поубава и поквалитетна со повеќе европски компоненти, посебно за нашите млади сограѓани кои се и нашата иднина.

Напишете коментар