Второто прскање против комарци ќе се изврши на 22 јули

Согласно договорот за авионско прскање против комарци и утврдената динамика, второто прскање ќе се изврши на 22.07.2016 година во периодот од 4,30 до 9,30 часот. Доколку, временските услови не го дозволат тоа, прскањето ќе се изврши наредниот ден на 23.07.2016 година. Се известуваат граѓаните кои имаат пчелни семејства да ги затворат во наведениот временски период.
Првото авионско прскање против комарци во општина Струмица се спроведе на 11 јуни.

Напишете коментар