„Комуналец“ ги уништува тревата и коровот во поројот „Крушевска Република“

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши уништување на тревата и коровот во поројот „Крушевска Република“, откако, истиот комплетно беше исчистен од разновидниот отпад во него. Искоренувањето се врши со тотален хербицид – препарат против сите видови трева и корови.
Од „Комуналец“ најавија комплетно чистење и на поројот на улицата „Васил Главинов“.

Напишете коментар