141 прваче од општина Василево седнаа во училишните клупи

Во ООУ „Гоце Делчев“ во чиј состав се и подрачните училишта во населените места Дукатино, Радичево, Владиевци, Сушево, Ангелци, Седларци и Едрениково, бројот на првачиња е 92, но според информацијата од директорката г-ѓа Емилија Котева, оваа бројка не е конечна, се очекува нејзино зголемување, бидејќи според евиденцијата што ја имаат а и искуствата од претходните години, дел од првачињата се запишуваат со извесно задоцнување, во месец септември. Во ООУ „Атанас Нивичански“ од Нова Маала во чиј состав се и подрачните училишта во населените места Доброшинци, Висока Маала и Чанаклија, до денес, запишани се 49 првачиња, но и овде, како што информираше директорката г-ѓа Соња Ничева, бројката не е конечна и очекуваат нејзино зголемување. Причините се исти како и во Василево.

Среќен почеток на првачињата им посакаа нивните директорки и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кои им порачаа многу петки, многу успеси но и многу дружење и убави моменти во текот на школувањето.

Преку игра и песна, добредојде во училиштето и среќен почеток на првачињата им посакаа и нивните повозрасни другарчиња.

Градоначалникот, од име на општината, првиот училишен ден на првачињата им го разубави и со пригодни подароци.

Напишете коментар