Продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ интензивно работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“. Со овој зафат се врши замена на азбестните цевки со дуктилно железни цевки со профил ФИ 200 со што се обезбедува поголема сигурност во водоснабдувањето, а се решаваат и некои хидраулички проблеми затоа што со замената на овие цевки се затвора еден водоводен прстен од водоводната мрежа кој што е од витално значење за водоснабдувањето во овој дел од градот.
Реконструкцијата на овој дел од водоводната мрежа во должина од 1.100 метри, чини 13,5 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица. Со овој зафат кој почна да се реализира во декември минатата година, ќе се решат проблемите во патната инфраструктура, водоснабдувањето и штетите на околните куќи, а кои беа предизвикани од честите дефекти кои што се случуваа во текот на минатата година.

Напишете коментар