Градинката Прва радост во Василево се поднови со паркинг и пешачка патека

Пешачката патека за пристап до градинката Прва радост во Василево и просторот наменет за паркирање се готови.
„Општина Василево заедно со градинката Прва радост издвоија сопствени средства за реализација на овој проект, чија цел е обезбедување на што посоодветни услови како за дечињата така и за нивните родители, односно за сите оние што ја посетуваат детската градинка, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.
Вкупната површина на пристапната патека и на просторот наменет за паркирање изнесува 910 м2 и истиот е изработен со бекатон плочи. Буџетот за оваа инвестиција е околу 800 000 денари.

Напишете коментар